Селекцијата на Турција обезбеди пласман во четвртфиналето на женското Европско одбојкарско првенство.
Во претпоследниот меч од осминафиналната рунда што се одржува во Баку, Азербејџан, одбојкарките на Турција ја победија Полска со 3-1 по сетови 25-22, 27-25, 18-25 и 25-23.
Со оваа победа турските одбојкарки изборија место во четвртфиналето во кое за противник ќе ја имаат селекцијата на Русија.
Последниот патник во четвртфиналето ќе биде познат по одигрувањето на мечот Бугарија – Германија од кој победникот за противник ќе ја има домашната селекција на Азербејџан.
Другите два четвртфинални пара ги сочинуваат, Италија – Холандија и Србија – Белорусија.