УНИЦЕФ: Во опасност е животот на околу 480.000 Рохинџи, повеќето деца

Од:

УНИЦЕФ денеска соопшти дека на околу 480.000 бегалци Рохиџи животот им е во опасност, од кои повеќето се деца.

– Станува збор за голем број луѓе кои всушност гладуваат, за болни и повредени деца кои треба да се згрижат, изјави експертот за политика на УНИЦЕФ, Оливер Вајт.

Според него, повеќе од 14.000 деца се недохранети и им се заканува смрт поради глад или болест.

Портпарол на УНИЦЕФ истакна дека тие испратиле храна за 250.000 муслимански деца Рохинџи, вклучувајќи и подготвена терапевтска храна за да се изборат со недохранетоста.

Би можело да ве интересира

Во разорниот земјотрес во Мјанмар загина и Силиме која беше прва носителка на титулата „Мис туризам“

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар

Пет дена по земјотресот спасен e маж од под урнатините во Мјанмар, досега се загинати 2.886 лица

Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото

Горан Наумовски