Сенатори во САД во потрага по можно решение за „фискалната бездна“

Од:

Американски конгресмени во последен час се обидуваат да донесат решение за да се спречи зголемувањето даноци за поголемиот дел од Американците откако Обама предупреди дека непостигнувањето компромис во Сенатот и Претставничкиот дом го загрозува економското опоравување на државата, односно ќе ги доведе САД до „фискалната бездна“.

„Фискалната бездна“ претставува зголемување на даноци, и треба да стапи на 1 јануари, како и намалување на државната потрошувачка –  в среда на 2 јаннуари со што ќе дојде до автоматско престанување на важењето на поволните даночни стапки утврдени за време на претседателот Џорџ Буш.

Вкупната вредност на тие мерки е 600 милијарди долари со што би било загрозено економското опоравување, а економистите стравуваат од рецесија во САД и последици по светската економија.

Сенаторите разгледуваат и начини да сочуваат повластици за невработени, спречување на намалување на плата на лекари во рамки на федералниот систем на здравствена заштита и други мерки.

Демократите се залагаат за зголемување на одданочувањето кај домаќинствата со приходи поголеми од 250.000, додека републиканците сметаат дека минимумот за одданочување треба да биде 400.000 долари. Иако Обама најави можност да се прифати предлогот на републиканците, се уште нема навестувања за договор на високо ниво.

Би можело да ве интересира

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

САД поддржуваат две постојани места за африканските земји во Советот за безбедност на ОН

Ураганот Френсис ја погоди Луизијана, без струјата се повеќе од 200.000 потрошувачи