Едмонд Темелко за изборите во 2013 и 2014 на гласачите од Пустец им давал по 20 евра

Од:

Според обвинителниот акт, обвинетиот градоначалник на општина Пустец, Едмонд Темелко, кој од вчера е во триесетдневен притвор, прифатил да организира и носи лица од Албанија во Македонија за на противзаконит начин да им се определи адреса на живеење во општини каде обвинетите сметале дека им се потребни дополнителни сигурни гласачи.

Темелко за изборите во Центар во 2013 година со уште двајца други обвинети од Пустец донел 625 лица на кои подоцна им се издадени важечки документи. Како што е наведено во обвинението, градоначалникот на Пустец, пред локалните избори во 2013, организирано довел 366 лица во Ресен и 207 во Кичево за да бидат фотографирани за лична карта со место на живеење во овие општини со намера подоцна да се впишат во избирачкиот список и да имаат право на глас.

-Постапувајќи по планот на групата, обвинетиот Е.Т. за време на одржувањето на локалните избори во 2013 година и за време на одржувањето на предвремените парламентарни избори и претседателските избори во 2014 година искористувајќи слични околности на лица со избирачко право им давал подарок од по 20 евра со намера да ги придобие да го вршат избирачкото право – пишува во обвинителниот акт за „Титаник“.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар