Ретроспективна изложба и Монографија за Бранко Кончалиев

Од:

Во галеријата на Завод и музеј Струмица, вечерва во 20 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба и промовирана Монографијата за ликовниот уметник Бранко Кончалиев (1949-2016 година), во организација на Здружението за култура Транзен.

– Ова е еден од позначајните проекти за откривање и меморирање на вистинските естетски вредности кои постоеле во градот Струмица, и иницирање на заштита и публикација за истите. Истражувањето и подготовките за овој проект траеја речиси една година. Се документираа и се архивираа делата од сите периоди на неговиот плоден творечки живот, вели Никола Пијанманов од Здружението Транзен.

„Растворена стварност“ е насловот на монографијата, а во неа, книжевникот Трајче Бјадов меѓу другото ќе запише „Уметникот не ја допира четката со рака, ниту со волјата, туку со неговото его, кое е посилно од физичката снага на неговата волја“, напиша на едно место Бранко Кончалиев, произнесувајќи се за акварелот… Бранко Кончалиев, со воведниот цитат, како да открива една од своите тајни за сликањето: егото на уметникот. Тој, како секоја своја слика да ја допира и милува со своето его.

Бранко Кончалиев е роден во Струмица 1949 година. Тој е една од најмаркантните фигури на ликовната култура во градот и земјата. Ќе помине низ повеќе ликовни развојни фази во богатиот творечки живот.

Се занимавал и со педагогија преку која ќе насочи и обучи многу млади уметници во Струмица. Неговото ателје во центарот на Струмица е своевремена лабораторија за развој на ликовната култура и уметничките влијанија во градот.

Тој почина во 2016 година и зад себе остави стотици дела кои се наоѓаат низ повеќе колекции во државата и во странство. Во книгата се застапени педесетина репродукции во боја од сите фази на неговото творештво, а на изложбата ќе бидат изложени четириесет слики во различни техники кои го формираат чудесниот мозаик на сликарството на овој значаен уметник.

Изложбата на Кончалиев ќе биде отворена наредните две недели.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски