ФОТО: Поранешниот турски премиер Давутоглу во посета на Македонија

Од:

Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Аднан Ќахил, синоќа го пречека и оствари средба со поранешниот премиер на Република Турција и актуелен пратеник од Коња, Ахмет Давутоглу, кој ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

– Давутоглу, кој ќе биде во тридневна работна посета на земјата, по средбата со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, ќе оствари и посета на Кабинетот на Министерот задолжен за странски инвестиции Ќахил, соопштија од кабинетот на министерот.

Во рамки на тридневната посета на земјата Давутоглу ќе оствари средби и со претседателот Ѓорге Иванов. Предвидено е тој на 28 септември да се обрати на панел дискусијата за „Перцепцијата на Република Турција во Република Македонија“, во организација на Здружението на дипломирани студенти од Турција.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски