Во 11 сообраќајка во Скопје полесно повредени пет лица

Од:

Пет лица се полесно повредени во пет од вкупно 11 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест е причинета материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои 42 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца возачи не ги почитувале светлосно сигналните уреди, двајца возачи не ги почитувале правилата за престигнување, седум возачи почетници сториле прекршоци по разни основи, како и 17 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 52 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 76 возила.

Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќај“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците во четврто одделение во ООУ „Гоце Делчев, кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ