Барзани прогласи победа на опцијата за независност на Ирачки Курдистан

Од:

Претседателот на автономната регионална Влада наа Курдистан Масуд Барзани денеска прогласи победа на опцијата „Да“ на референдумот за независност на Ирачки Курдистан.

Тој ги повика светските сили да ја почитуваат волјата на милиони Курди, кои на референдумот гласаа за независност на овој регион.

Во телевизиското обраќање, Барзани ја повика ирачката централна власт да се вклучи во „сериозен дијалог“…„наместо да се заканува“ на курдската регионална влада со санкции.

Претходно, ирачкиот премиер Хајдер ал Абади исклучи секаква можност за разговор за курдската независност.

– Можеби се соочуваме со потешкотии, но ќе ги надминеме, порача Барзани.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак