Женската одбојкарска селекција на Белорусија се пласира во четвртфиналето на Европското првенство откако денеска со пресврт ја победи Чешка со 3-2 во сетови.
Во четвртфиналето Белорусија ќе игра со Србија.
Чешка имаше водство од 2-0 во сетови откако првите два ги доби со 25:18 и 25:23. Во третиот сет по голема борба Белорусија го навести пресвртот и сетот го доби со 27:25, а во следните два сета беше подобра со 25:22 и 17:15 во решавачкиот сет.
Во второто осминафинале вечерва играат Холандија и Хрватска. Победникот од тој дуел во четвртфиналето ќе игра против Италија.
Во утрешните осминафинални натпревари играат: Бугарија – Германија и Полска – Турција.