Кривична пријава за градоначалникот на Ново Село

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Ново Село за злоупотреба на службена положба и овластување. Тој на вработени во општината им дозволил со службено возило без патен налог да превезуваат изборен пропаганден материјал за кандидати за градоначалници од една политичка партија.

Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи-Струмица до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.В (53) од Ново Село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија. Пријавениот, во својство на градоначалник на општина Ново Село, дозволил на вработени од општината да управуваат службено возило без патен налог и во него да превезуваат изборен пропаганден материјал.

Вчера во 19 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш, сообраќајна патрола, при редовна контрола запрела патничко возило „Фолксваген Голф“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на општина Ново Село, а управувано од лицето А.К. од Ново Село, вработен во општина Ново Село. Во возилото сопатници биле лицата В.К. и Е.П., исто така, вработени во општина Ново Село. Возачот не поседувал патен налог за управување на службено моторно возило. При извршената контрола било констатирано дека во службеното возило имало изборен пропаганден материјал, кој го натовариле од печатница во Кочани за кандидати за градоначалник на општините Ново Село, Босилово и Василево, од една политичка партија.

За настанот бил известен јавен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка била издадена наредба за претрес на возилото. При претресот, со потврда за одземени предмети, биле одземени 6.000 плакати-изборен пропаганден материјал, а лицата биле лишени од слобода и изведени пред Јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР