(ВИДЕО) Наумоски: Ние градиме плански и се залагаме за подобра инфраструктура за сите граѓани

Од:

„Ние градиме плански и се залагаме за подобра инфраструктура за сите граѓани.

Градиме одговорно, квалитетно и домаќински, за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина.

По победата, имаме голем број на планови и проекти што ќе придонесат за подобрување на инфраструктурата на улиците, водоводната и канализациска мрежа во Ѓорче.

И во 21 век има делови во општината што не се поврзани со канализација, а голем број домаѓинства имаат проблем со притисокот на вода, заради непланската изградба на објекти.

Гасификација во општината, реконструкција и изградба на градинки и училишта, изградба и редовно одржување на спортските објекти.

Наши главни приоритети по доаѓањето на власт се: изградба на градинка во Волково и доградба на постојните градинки,
Изградба на амбуланта во Дексион.

Ќе формираме Јавно комунално претпријатие на ниво на општина, што во рок од 48 часа ќе ги решава комуналните проблеми на граѓаните,

Ќе ја подобриме безбедноста на сообраќајот на сите улици и модерно автоматско осветлување.

За економски и социјален развој, нудиме целосна урбанизација на руралниот дел долж Заобиколницата, создаваме нови мали и ефикасни технолошко-индустриски зони со комплетна инфраструктура, така се привлекуваат и странски инвестиции.

Граѓаните очекуваат од нас нов пристап на раководење, ние сериозно го разбираме нивниот револт за запуштеноста на Ѓорче.

Гласајте за подобар живот за сите во Ѓорче, да создадеме подобра иднина за нашите деца“, изјави Александар Наумоски Кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните