(ВИДЕО) Јованоски: Градиме инфраструктура по план, улици, патишта, обиколници за сите

Од:

„Ние сме тука да бидеме ваш сервис! Ќе изградиме современа и развиена општина за сите!

Новата локална власт предводена од СДСМ, со мене како иден градоначалник ќе работи одговорно и домаќински за животот на сите граѓани, во сите делови од градот и околните населени места.

Мојата програма „Живот во Прилеп за сите“, содржи конкретни планови и проекти за изградба на патишта, улици, канализации, водоводи, градинки, спортски терени и гасоводна мрежа.

ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески, три изборни циклуси ветуваа гасификација на Прилеп, а не направија ништо!

Но, за нас, зборот е збор! Затоа, во првиот мандат ќе изградиме 30 км секундарна гасоводна мрежа, достапна за сите! Што значи намалени трошоци и за домаќинствата и за компаниите. Прилеп ќе биде целосно гасифициран!

Здравје за сите! Ова е наш императив!

Затоа, градиме затворен, спортско – рекреативен центар со покриен базен, кој што ќе го носи името „Македонија“. Во него со хидротерапија, ќе се третираат деца и младинци кои имаат искривувања на ’рбетот.

Јас ја разбирам загриженоста на родителите на овие деца. Затоа, ова ќе го направам.

Здрави деца и младинци, се наш приоритет!

Во соработка со Министерството за транспорт и врски, градиме две нови обиколници.

Првата, ќе го поврзува патот Градско – Прилеп – Македонски Брод. Втората, регионалниот пат од Македонски Брод со регионалниот пат Прилеп – Битола, кај старата млекара.

Со овој капитален проект, тешките товарни возила, што превезуваат мермер и други руди, нема да ги уништуваат градските улици, ќе се врати безбедноста во сообраќајот во центарот на Прилеп“, изјави Илија Јованоски, кандидат за градоначалник на СДСМ за Прилеп.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните