(ВИДЕО) Мицевски: Гасификација е една од најкрупните проекти во нашата програма

Од:

„Гасификација е една од најкрупните проекти во нашата програма.

Гасоводната линија поминува на околу петстотини метри од Крива Паланка, но таа воопшто не е искористена.
Уште од самото превземање на локалната власт, ќе го забрзаме процесот за гасификација на општината.

Со воведувањето на гасот, ќе им се олесни и поефтини животот и работењето на граѓаните и компаниите.

Гасот е евтин и најупотреблив енергенс во светот.

Примерот со општина Струмица и Куманово мора да ни биде водилка во реализирање на овој толку важен проект за нашата општина.

Со воведување на гасот, секое училиште заштедува 60% од парите што ги добива.

Заштедените пари се користат за реновирање на училишта, со ефикасни фасади, нови прозорци и врати, квалитетни табли, нови столчиња, надгледни средства и помагала.

За граѓаните кои користат гас, сметките се за 20 до 30 % пониски. На тој начин остануваат повеќе пари во семејниот буџет.

Освен тоа, се обезбедува чист воздух и здрава животна средина за сите.

Во нашиот план предвидуваме најпрвин да бидат гасифицирани јавните установи и стопанството, а потоа домаќинствата во централното градско подрачје и останатите населени места.

Ова ќе биде само еден од многуте примери како ќе се инвестира во проекти кои ќе бидат од клучно значење за подобар и поквалитетен живот за граѓаните.

Обезбедуваме живот во Крива Паланка за сите!“, изјави Борјанчо Мицевски, кандидат за градоначалник на Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски