СДСМ Аеродром: За 8 години Коневски реконструираше само 7 фасади

Од:

„Ивица Коневски е најнеуспешниот градоначалник кога станува збор за реконструкција на фасади. За осум години, од ветените 18 направи само седум меѓу кои зградата во која живеат неговите родители и зградата на неговиот партиски другар Спиро Ристовски. Тоа е реализација од помалку од една фасада годишно што говори колку ова било приоритет за Коневски.

Да биде лагата уште поголема, Коневски дури ни во буџетот нема издвоено средстства за фасадите кои ги ветува. И денеска истиот тој проект најавува дека го продолжува иако не го заврши.

Новата локална власт предводена до СДСМ ќе издвои тројно повеќе средства за реконструкција на фасади кои се во очајна состојба и опасни за минувачите. Ќе се формира комисија која непристрасно ќе решава кои згради ќе добијат фасади согласно оштетеноста. Општината нема да биде повеќе партиска градежна компанија која ќе ги поправа зградите на партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Ветувањата за инвестиции во образованието и спортот за Коневски очигледно е дека се само предизборни бидејќи за осум години не им се посвети ниту на учениците ниту на спортистите.

Граѓаните веќе ја гледаат разликата. Во новата програма општината ќе работи за сите еднакво и ќе биде вистински сервис на граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ Аеродром на прес конференцијата на Ивица Коневски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка