Египет уапси седум лица под обвинение за поттикнување неморал и промовирање хомосексуалност откако го кренаа знамето „виножито“ на концерт во Каиро.
Безбедносните сили ги идентификуваа седуммината од снимките на камерите од концертното место, каде што во петокот настапи либанската рок-група Машру Леила.
Фотографиите и видеата споделени на социјалните мрежи покажуваат дека неколку лица од публиката го креваат знамето „виножито“ – симбол на движењето ЛГБТК (лезбејки, геј, бисексуалци, транс и квир) – што предизвика контроверзи во Египет.