БНП Париба под истрага за геноцид во Руанда

Од:

Француското обвинителство денеска потврди дека отворило истрага против банката БНП Париба, која е осомничена за соучество во геноцидот во Руанда во 1994 година над припадници на малцинството Тутси.

Француското обвинителство потврди дека на 22 август започна истрага против БНП Париба „за учество во геноцид и соучество во злосторството против човештвото”.

Три невладини организации во јуни поднесоа тужба, обвинувајќи ја БНП Париба дека финансирала купување на „80 тони оружје коешто режимот Хуту го користел за геноцид”, иако „банката морала да биде запознаена со геноцидните намери на властите во Руанда”.

Невладините организации тврдат дека БНП префрлила 1,3 милиони долари (1,1 милиони евра) на тој режим во јуни 1994 година, само еден месец откако Обединетите нации воведоа ембарго за испорака на оружје во Руанда.

БНП Париба е најголемата банка во Франција и меѓу водечките 10 во светот.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Во Шипковица е пронајдено оружје и фалсификувани пари

Херојот на филмот „Хотел Руанда“ излезе од затвор

Британски суд: Законска е депортацијата на мигрантите во Руанда

А1он

Конго: Ако Руанда сака војна, ќе ја добие

А1он

Франција ја отвора архивата за периодот на геноцидот во Руанда

Ана Ололовска

Франција одговорна, но не е соучесник во геноцидот во Руанда