Голем пожар во Порт-о-Пренс

Од:

Голем пожар уништи денеска дел од главниот пазар во престолнината на Хаити, каде што стотици продавачи ги нудат своите производи.

– Десетици тезги на “Port market” во Порт-о-Пренс, огнот ги срамни до земја, а само неколку беа спасени – изјави портпаролот на полицијата Франц Леребур, додавајќи дека властите ја истражуваат причината за пожарот, во кој, според досегашните податоци, нема жртви или повредени.

Истиот овој пазар беше уништен во април 2010 година, само неколку месеци по катастрофалниот земјотрес во кој загинаа 300.000 луѓе, а стотици илјади останаа без своите домови.

Продавачите тогаш тврдеа дека пожарот бил предизвикан поради политички мотиви, иако полицијата никогаш не го реши случајот.

Би можело да ве интересира

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Пронајдени се две тела во запалена куќа во скопското село Морани

Горан Наумовски

Активен е пожарот на планината Беласица меѓу селата Смоларе и Мокрино

Пожар во скопската населба Бутел 1, се запали кровна конструкција на барака