ВМРО-ДПМНЕ: Студентите ја платија цената на неспособното владеење на СДС

Од:

„Младите се на маргините на интересот на владата на СДС.

Младите се измамени и потцените од владата.

Стефан Богоев, Ивана Туфегџиќ, Зоран Заев ветуваа многу, но со влегување во парламентот заборавија на младите, ги излажаа и извисија.

Прво, СДС скрати и укина многу проекти за младите кои беа воведени од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од позиција на власт СДС скрати 1.5 милијарди денари од буџетот за образование.

Владата на Заев скрати пари кои беа наменети за основно и средно образование, за студентски домови, спортски сали, универзитети и превод на стручна литература од најдобрите светски автори.

Второ, студентите ја платија цената на неспособното владеење на СДС со укинување на оброк кој до сега го покриваше државата со што ќе мораат самите да го платат од свој џеб.

Трето, СДС ветуваше гаранција на младите дека веднаш по завршување на студирањето ќе бидат вработени, а по четири месеци власт покажа дека се е лага и манипулација.

СДС ги излажа младите. СДС покажа дека воопшто не се грижи за младите, а нивниот приоритет е само луксузирање и партиско вработување.

Младите знаат кој се грижи за нив и на 15-ти октомври ќе ги казнат катастрофалните политики на Заев и СДС“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања