ВМРО-ДПМНЕ: Сите средства за рекламирањето се распределени по прецизна методологија и доделени низ транспарентен процес

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагираше на прес-конференцијата на Миле Бошњаковски.

„Денешната владина прес конференција е израз на стравот и паниката на СДС соочени со изборниот пораз кој им следува. И како периодот на изборниот пораз им се доближува паничните, манипулативни и напумпани прес конференции и настапи пропорционално ќе растат.

Се е по закон и нема ништо незаконски, сите средства, до последниот денар се распределени по прецизна методологија и доделени низ транспарентен процес. Ваквата напумпана и манипулативна прес конференција е беспредметна бидејќи информациите за кампањите и за средствата доделени на медиумите беа претходно јавно објавени уште пред две години. Очигледно е потребата за евтин сензационализам, страв од пораз и дефокусирање на јавноста и затоа е избран овој период.

Јавните кампањи на владата имаа едукативна и информативна функција, а епилогот од кампањите донесоа видливи резултати. 100 нови странски инвестиции, подобрен имиџ на државата, дуплиран број на туристи, зголемен број на патници.

Отворањето на темата за кампањите и средствата исплаќани на медиумите преставува обид да се избега од вистинските скандали поврзани со тендерите кој сам вицепремиерот Анѓушев си ги додели на својата фирма, за скандалот со енормната дисперзија на бизнисите на кланот Заеви и фактот што станаа сопственик на цела една фабрика „Герас Цунев“ по цена колку една гарсониера од 20 квадрати, за тоа што партиската полиција на СДС ја киднапира државата и на бандитски начин заплашува кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, за тоа што просечната плата наместо да расте опаѓа, извозот паѓа и расте сиромаштијата“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ