Гелова Стојанова: Дали Анѓушев има фирми во странство кои не ги пријавил во анкетниот лист?

Од:

Соња Гелова Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција праша колкав имот поседува вицепремиерот Кочо Анѓушев и дали крие дел од својот имот и зошто го прави тоа? Таа запраша и дали Анѓушев има фирми во странство кои не ги пријавил во анкетниот лист и зошто не ги пријавил?

– Медиумите објавија дека Анѓушев поседува фирма во соседна Србија, за производство на жичани производи, синџири и опруги, под името „Brako Wire Products“ која не можеле да ја најдат во анкетниот лист на Анѓушев. Јавноста се прашува уште колку фирми низ светот поседува Кочо Анѓушев, кои не се пријавени во неговиот анкетен лист. Што крие Анѓушев од јавноста и зошто не ја навел фирмата во Србија во својот анкетен лист како дел од имотот што го поседува, рече Гелова Стојанова.

Таа додаде дека јавноста веќе видела како работи Кочо Анѓушев и е сведок на криминалот кој го прави власта со цел да му овозможи милионски профити на Анѓушев.

– Кога е Анѓушев во прашање законите не играат некоја важна улога. Законите беа прекршени во случајот хидроелектрани „Тополка“. Првото прекршување се случи кога владата спротивно на Изборниот законик изврши пренамена на земјоделско земјиште во градежно со цел фирмите на Анѓушев да можат да добијат одобрение за градба. Потоа, според информации во медиумите, фирмите на Анѓушев, отпочнаа градба на електраните без одобрението за градба да стане правосилно. Да почитувани граѓани, законите не се важни кога е во прашање профитот на мултимилионерот Анѓушев, смета Гелова Стојанова.

Како што кажа таа граѓаните тоа го виделе и од личното признание на Анѓушев дека тој одлучил дали ќе ги добие или не неговата фирма „Фероинвест“ тендерите од ЕЛЕМ, со што јавно признал дека има судир на интереси и дека тој е одлучувачкиот фактор и во двете страни од договорот.

– Анѓушев демонстрира целосно беззаконие. Анѓушев се однесува како државата и законите да не важат за него. Граѓаните го гледаат овој хаос создаден од СДС и ќе го казнат ваквиот однос на СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври, рече Гелова Стојанова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија