Пешевска: Министерството за транспорт и врски ќе потроши над 24 илјади евра за набавка на алкохол

Од:

Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиуми кажа дека министерството за транспорт и врски ќе потрошело над 24 илјади евра за набавка на алкохол во време кога владата нема пари за пензионерите и им го скрати покачувањето, се намалуваат платите, нема пари за загубарите како Колска, Железници, и редица други фирми.

– По стапките на другите министри од владата на СДС и господинот Сугарески пред неколку дена реши да се почести себеси со парите на граѓаните. На електронскиот систем за јавни набавки стои оглас за набавка на алкохолни, безалкохолни пијалоци и апетисани, според кој договорен орган е Министерството за транспорт и врски со кое што раководи Горан Сугарески. Проценетата вредност е над 24.000 евра. Владата на СДС нема срам, господинот Сугарески решил да набавува алкохол вреден десетици илјади евра. Сугарески отткако е министер за транспорт и врски единствено што направи е блокирање на се она што беше изградено и реализирано како инфраструктурни и капитални проекти од страна на ВМРО-ДПМНЕ, рече Пешевска.

Таа додаде дека наместо парите на граѓаните да одат на проекти, тие одат на купување на алкохол за потребите на владата и министерството за транспорт и врски, што е пример за расипништво и побара веднаш да се поништи оваа набавка и тие пари да се насочан кон реализација на проекти за граѓаните.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1