ВМРО-ДПМНЕ: МВР во најбрз можен рок да го истражи случајот со малтретирањето на Митко Јанчев од полициски службеници

Од:

Марио Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека СДСМ ја поништува правната држава и дека МВР под раководната палка на СДСМ втор ден молчи за полициската местенка и малтретирањето на Митко Јанчев, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци.

– СДС свесни за неминовниот изборен пораз кој ги очекува на наредните локални избори на 15-ти октомври прибегнуваат кон злоупотреба на институциите во полза на партијата.Со наближувањето на изборите стравот во СДС кулминира. Хистеријата во партијата на власт е се поголема, свесни за големата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ кај граѓаните ја користат полицијата со цел сеење на страв и паника. Во петокот вечерта пред партиската конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, полицијата на влезот на Скопје без основа го запрела возилото на Митко Јанчев, кандидат за градоначалник за Кавадарци, врз истиот вперила пиштоли и неосновано го задржала подолго, рече Цветковски.

Тој додаде дека целата местенка била приредена пред очите на минувачите, кои гледале како поголем број на полициски службеници малтретираат еден човек кој не пружа отпор.

– ВМРО-ДПМНЕ повикува МВР во најбрз можен рок да го расветли случајот и да утврди индивидуална одговорност, во спротивност ќе се потврди дека во ваквата местенка е заплеткан целиот врв на власта. ВМРО-ДПМНЕ ги предупредува сите извршители на функции поставени од власта на СДС, мотивирани или охрабрени од врхушката на власт да прават незаконски дејствија и да ги кршат законите за удоволување на партиските барања, дека одговорност за секое криминално дејствие ќе има, вели Цветковски.

Како што кажа тој, никој во Македонија не е над законот и законите важат подеднакво за сите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ