Фаворитките за највисок пласман на Европскиот првенство за одбојкарки, што се одржува во Баку, Азербејџан и Тбилиси, Грузија, ги остварија вторите победи.
Во рамките од А групата, Полска со 3-1 славеше над Унгарија, додека во Б групата до втората победа стигна и Италија која со 3-1 ја победи Белорусија. Во вториот меч од оваа група Хрватска во четири сета (3-1) славеше над домаќинот Грузија.
Со ист резултат 3-1 победа остварија и Русинките над Турција во меч од Ц групата, во која се одигра најнеизвесниот натпревар Бугарија – Украина 3-2.
Затоа пак, најубедлив триумф остварија Србинките, кои со максимални 3-0 ја победија Холандија во меч од Д групата, во која Чешка ја совлада Белгија со 3-1.
Денеска продолжуваат натпреварите со дуелите од третото коло.