ВМРО-ДПМНЕ: Заев постојано го споменува планот 3-6-9, но немаат направено ниту една реформа

Од:

„СДС и Зоран Заев ветуваше експресно отпочнување на преговорите, сега ретерира и признава дека за овие три ипол месеци не сме ни чекор поблиску до преговори.

Заев постојано зборува за имплементирани реформи и планот 3-6-9, но всушност ниту еднаш не споменале конкретно која реформа од делокругот на ЕУ ја направиле досега. Нема такви.

За СДС европските вредности постојат само декларативно.

СДС нема донесено ниту еден европски закон или подзаконски акт.

Владата на СДС не работи во корист на Република Македонија, туку склучува штетни договори за граѓаните на Република Македонија.

Денес, за жал, запрени се процесите кои беа во тек со цел јакнење на административните капацитети и подготовка за управување со структурните фондови, што директно води кон зголемување на ризиците за губење на средства.

Сумарно владата на СДС не направи ништо што би не приближило кон ЕУ и НАТО, туку единствено склучуваше штетни договори на сметка на граѓаните на Република Македонија. Граѓаните ја увидоа деструктивноста на СДС и ќе ги казнат на претстојните локални избори на 15-ти октомври“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија