ВМРО-ДПМНЕ: Откако Заев не реши ниту еден проблем во Македонија, пред ОН говореше за Северна Кореја

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмено соопштение реакција на говорот на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев на Генералното собрание на Обединетите нации.

„После цунамито кој Заев и го направи на Македонија и откако ниту еден проблем не реши, во неговиот фокус во настапот пред Обединетите Нации беше Северна Кореја и нејзината нуклеарна програма.

Зоран Заев единствената шанса во годината пред Генералното Собрание на Обединетите Нации да ги истакне позициите на Македонија и да ги афирмира државните и национални интереси ја потроши на правдање и општи флоскули.

Демагошки настап, општи констатации, без понуда на решенија.

Додека Зоран Заев убедува дека владата е посветена на демократија, во Македонија се газат базичните демократски вредности и се повредуваат човековите права. Токму неговата влада води политички хајки врз градоначалници, полицијата се употребува како партиска војска на владеачката СДС, осудени криминалци се ослободуваат надвор од законите.

Додека Заев лажно гарантира стабилност, економски се руши државата, се спрема зголемување на даноците, поскапување на струјата, државните тендери се доделуваат или на претседателот или на потпретседателот на владата на СДС.

Новиот пристап на Заев кон соседите, значеше потпишување на договор со Бугарија кој е на штета на државните интереси. Откажувајќи се од македонското малцинство, јазик, историја и со далекусежни последици за идните генерации“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија