Јовановски: Одлуката за спречување на референдумите за мигрантите е потврда дека владата планира доселување на мигранти

Од:

Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека институциите под контрола на Заев покажале дека се подготвени да го погазат уставот и да ја погазат демократијата па Државниот инспекторат за локална самоуправа под налог на Заев вчера донел одлука за спречување на одржувањето на референдумите во општините за прашањето за мигрантите.

– Ова е директна потврда дека владата планира доселување на мигранти. Ова е исто така голем срам за македонската демократија. Зоран Заев ја повторува практиката на СДС да му го одземе суверенитетот на народот и да ја киднапира државата и институциите за свои партиски интереси. Зоран Заев и СДС ја повторуваат својата матрица дека некои прашања не заслужуваат одговор, рече Јовановски.

Тој кажа дека референдумот претставува најчист облик на демократија кај што граѓаните непосредно се изјаснуваат по прашања кои им се во директен интерес и оттука крајно апсурдно е одбивањето на владата референдумите да не се одржуваат во ист термин со локалните избори.

– Овој термин е единствениот логичен и рационален и е на ист трошок со изборите. Единствено објаснување за оваа недемократска одлука е стравот кај СДС од сопствениот народ и од неговото мислење. За ова потценување на својот граѓанин, за ова погазување на уставно загарантираното право и за погребувањето на демократските принципи СДС ќе биде сурово казнет од својот сопствен народ. Казната ќе му биде испорачана на 15-ти октомври, рече Јованоски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито