Русија ја демантираше Хилари Клинтон

Од:

Русија не праќа на Сирија нови воени хеликоптери туку на основа на веќе потпишан договор само ги поправа оние испорачани пред дваесетина години.

По повод изјавата на американскиот државен секретар Хилари Клинтон, дека Русија испорачува воени хеликоптери на Сирија, руските аналитичари сметаат дека тоа е сосема неточно и дека тоа не претставува ништо друго, освен „празни зборови“ во предизборната „хистерија“ во Вашингтон.

Официјална Москва се уште нема реакција на изјавата на Хилари Клинтон, но шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пред само три дена им изјави на новинарите во Москва, дека оружјето кое се испорачува на Сирија не може да биде употребено во граѓанскиот конфликт.

Претходно државниот секретар Хилари Клинтон изјави дека САД се загрижени поради информациите дека Русија испраќа воени хеликоптери на Сирија.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте