Тргачевски: Полицијата изврши насилен претрес со вперени пиштоли на Митко Јанчев, кандидат за градоначалник на Кавадарци

Од:

Александар Тргачевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека СДСМ свесни за лошиот рејтинг помеѓу граѓаните и за неминовниот пораз на локалните избори ја користеле полицијата за заплашување на политичките противници.

– Полицијата под контрола на Заев и Спасовски преку класична полициска местенка вчера пред почетокот на партиската конвенција на ВМРО-ДПМНЕ изврши насилен претрес на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, за општина Кавадарци, Митко Јанчев, при влезот во Скопје, при што на истиот му биле вперени пиштоли во главата. Полициската местенка била пропратена со неколку единици на полицијата, бројност која не е својствена за рутинска проверка на возила, туку само покажува целиот случај е инсцениран, со цел сеење на страв и заплашување, рече Тргачевски.

Тој додаде дека користењето на полицијата за вршење на политички притисок е груб пример за злоупотреба на власта и претставувало класичен пример како функционира државата под водство на СДСМ.

-Го повикуваме МВР во најбрз можен рок да го расветли случајот и да утврди индивидуална одговорност. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува претставниците на меѓународната заедница и организациите кои го надгледуваат изборниот процес да го осудат однесувањето на власта. Истовремено полицијата од целата територија на Република Македонија беше ставена во функција на партијата на власт, на патишта низ Република Македонија беа запирани автобуси од внатрешноста на државата, со цел истите да не допатуваат навремено на конвенцијата на партијата во Скопје, вели Тргачевски.

ВМРО-ДПМНЕ го осудува ваквиот однос и апелира до сите општествени и политички чинители во државата да не се дрзнат да ја злоупотребуваат моменталната моќ која им ја дава власта, со цел да сеат страв и да вршат криминал.

– Заштитата која ја чувствуваат денес, утре ќе ја немаат. По враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија, секој еден прекршител на законот ќе одговара согласно закон во законска и правична постапка. Одговорност мора да има. Одговорност ќе има. Во тоа нека бидат сигурни сите, прекршители на законот, рече Тргачевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија