Планираниот референдум за независност на Ирачки Курдистан закажан за 25. степември е „ужасна грешка“ која ќе предизвика нова криза во регионот смета портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин.
– Доколку не се откаже референдумот ќе има сериозни последици. Ербил мора веднаш да се воздржи од оваа ужасна грешка која ќе предизвика нова криза во регионот, напиша Калин на Твитер.
Турскиот премиер Јилдирим за референдумот на Курдите во Ирак рече дека е погрешна одлука и дека скапо ќе ја платат.
Турската војска соопшти дека во понеделникот на 18. стептември започнала со ненајавени воени вежби во близина на границата со Ирак, додека полуавтономниот курдски регион на северот на Ирак се подготвува за референдумот.
Референдумот за независност треба да се одржи во понеделник, меѓутоа тој не е признат ни од Багдад ни од меѓународната заедница.