ВМРО-ДПМНЕ: Наместо подобар живот, студентите добија оброк помалку во студентските домови

Од:

Сара Александрова од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиуми рече дека студентскиот живот и студентскиот стандард тонат во хаосот креиран од СДСМ и дека студентите како и сите други ја плаќаат цената на, како што рече, неспособноста на Заев и лагите со кои што ги добиле гласовите од граѓаните.

– Наместо подобар живот, студентите добија оброк помалку во студентските домови. Се уште студентите не добија ништо од најавите на СДС и Зоран Заев за подобар студентски стандард во периодот пред декемвриските избори и ги зголемуваат маките на македонските студенти. Владата молчи. Ги нема сега да кажуваат за розевата слика која манипулативно ја создаваа, рече Александрова.

Таа рече дека најновата одлука на раководните структури од СДСМ предвидувала укинување на појадокот за студентите кои годинава добиле легло во студентски домови во Скопје.

– Отсега наместо вообичаените три оброци кои им следуваа, идните академски граѓани кои одлучиле да ги користат услугите на студентските домови, за истата цена која ја плаќале и досега, ќе добиваат само два оброка. Тоа значи дека трошокот за студирање станува поголем. Оброкот кој досега го покриваше државата, ќе мораат да го платат од сопствениот џеб. Покрај оваа најнова мерка за „живот”, студентите ги паметат и не така одамна укинатите и стопирани мерки наменети за нив, како згаснувањето на дисперзираните студии, стопирањето на проектот 30/35 кој обезбедуваше финансиски поволности при студирањето за повозрасните граѓани со интерес за студирање, гласањето против законот за студентски ваучери за купување компјутери, рече Александрова и додаде дека владата го руши достоинството на младите и студентите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар