Заврши 9.Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“

Од:

Со претставата „Го играме Чехов” во изведба на младите актери од Крива Паланка и Благоевград, Бугарија, синоќа беше спуштена завесата на годинашниот Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

Претставата е копродукција на Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка и благоевградскиот младински театар „Проф. Енчо Халачев“ од Бугарија, во режија на Бранимир Митов од Благоевград и Глигор Цветковски од Крива Паланка.

– Чест е младинците од нашиот град да се претстават и настапат на истата сцена каде изминатите девет години продефилираа стотици врвни глумци. Одиграа раскази од Антон Павлович Чехов, во една двојазична, македонско-бугарска кохезивна драматуршка постановка, изјави режисерот Цветковски.

Фестивалот започна на 14-ти септемри, на сцената на кривопаланечкиот центар за култура во деветте фестивалски вечери настапија осум театарски ансамбли од Македонија, Хрватска, Србија и Бугарија, а за лауреат на годинашното издание беше прогласен театарскиот деец со потекло од Крива Паланка,Гоце Ристовски.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот