Акција за чистење и разубавување на Ченто

Од:

Под мотото „Ченто, чисто ти ќе бидеш” жителите на населбата Ченто на пладне ќе спроведат акција за нејзино чистење и разубавување во делот кај зградите кај последната автобуска станица на линијата 45.

Суштината на граѓанската иницијатива „Мрдни со прст”, која е иницијатор на акцијата, е да се предизвика вклучување на поединците, здруженијата и компаниите и да го потенцира нивниот индивидуален придонес кон остварување на големи резултати од општествен интерес.

Како дополнително разубавување на просторот и потсетник за одржување на чиста околина ќе остане уметноста на графит артистот Драш, кој оваа акција ќе ја преслика на една од зградите во околината.

Повеќе информации за иницијативата „Мрдни со прст“ се достапни на www.mrdnisoprst.mk.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски