За време на обраќањето на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во хотел во Њујорк дојде до инцидент кога демонстранти го прекинаа неговиот говор нарекувајќи го „терорист“, по што беа тепани и исфрлени од салата.
Ердоган, кој во во Њујорк присуствува на Генералното собрание на ОН, вчера се обрати на негови приврзаници во хотелот „Мериот Маркис“ на Тајмс сквер каде што беше преинат од група на демонстранти.
Isit true Erdoğan’s bodyguards beating up American protesters on American soil. Again Today. This time in New Yorkpic.twitter.com/gzrYrYAIXr
— James Stratis (@jcstratis) September 22, 2017
– Терористу, бегај од нашата земја, извикуваа демонстрантите.
На снимките се гледа како обезбедувањето, кое се уште не се знае дали е негово лично или пак на хотелот, ги турка и удира по главата демонстрантите и ги исфрла надвор од хотелот.
Демонстрантите објавија фотографии по социјалните мрежи, кажувајќи дека нивна цел била јавна осуда на Ердоган за неговите политики во Турсија, Сирија и Ирак.
Полицијата соопшти дека пет демонстранти биле кратко приведени, но дека никој не бил уапсен.
Violence erupts during Turkish President Recep Tayyip Erdogan's speech in New York
SOURCE: VOA pic.twitter.com/1TBOPZiDuu— Laurent VF (@LaurentFrat) September 22, 2017
Претходно во мај дојде до слични инциденти, а тогаш 11 луѓе беа приведени и 2 уапсени пред резиденцијата на турскиот амбасадор во Вашингтон откако изби тепачка помеѓу поддржувачите и противниците на Ердоган.