ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно е однесувањето на кадрите што СДСМ ги постави да управуваат со болниците

Од:

„Продолжува хаосот што го предизвикува СДС во здравството.

Скандалозно е однесувањето на кадрите што ги постави СДС да управуваат со болниците низ државата.

Директорката на детска клиника, Катерина Ставриќ, по само еден месец директорување си зема одмор и ја остава една од најважните клиники без раководно лице во екот на хаосот што го создава СДС.

Ставриќ си замина на одмор, а пуштањето на новите простории на интензивна нега на детска клиника која „министерот на одмор“ вети дека ќе ја пушти во употреба уште пред еден месец, уште не е ни на повидок.

Ваквата неодговорност на кадрите на СДС, е само последица на неодговорноста на нивната влада. За само 3 и пол месеци во болниците низ Македонија регистрирана е смрт на десет новороденчиња, податок кој некрофилската влада СДС сака да го сокрие од јавноста.

Колку смртни случаи може да кријат неодговорните кадри на СДС кои управуваат со здравството?

Неодговорните директори на болниците поставени од СДС наместо да си земаат одмори и да ги трошат парите на граѓаните, да се позанимаваат со ситуацијата во болниците која се повеќе наликува на хаос и безредие, поради непромислените одлуки на владата.

Граѓаните го гледаат ваквиот неодговорен однос кон државата, државните институции и за тоа ќе ги казнат на претстојните локални избори на 15-ти октомври“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт