ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев, помогнат од Заев ги крши законите

Од:

„Анѓушев потпомогнат од Заев ги крши законите во низа. Социјалдемократскиот сојуз упатува порака кон граѓаните дека за врхушката на власта не важи ниту еден закон.

Владата на Социјалдемократскиот сојуз го прекрши Изборниот закон, и во период пред избори изврши пренамена на земјиште, со цел фирмите на Кочо Анѓушев да градат милионски објекти.

По кршењето на Изборниот закон од страна на владата со цел пренамена на земјиштето за градба. Анѓушев го крши Законот за градење и почна со градба на својата хидроелектрана „Тополка“ пред одобрението за градба да стане правосилно.

Според информациите што ги објавија медиумите, Анѓушев отпочнал со градба 6 дена пред законски предвидениот рок. Фотографиите објавени од страна на медиумите направени на терен го потврдуваат криминалот на Кочо Анѓушев.

Анѓушев прави кривично дело и директно го крши чл.65 од Законот за градење, кој вели: – Инвеститорот може да започне со изградба на градбата врз основа на правосилно одобрение за градење.

Согласно закон одобрението е правосилно 15 дена по издавањето, одобрението е издадено на 11-ти септември, а Анѓушев со градбата почнал на 20-ти септември, односно 6 дена порано. Законот е дециден и не остава простор за провизорно толкување.

Анѓушев тоа го знае, но сепак се решил истиот да го заобиколи.

Челниците на владата на Социјалдемократскиот сојуз влегуваат од криминал во криминал. Заев и Анѓушев се однесуваат како законите во Република Македонија да не важат за нив.

Ова е двократно кршење на законите од страна на Заев и Анѓушев во период од неколку дена.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува градежниот инспекторат и надлежното Јавно обвинителство да постапат согласно закон и да го санкционираат оваа безаконие.

Ваквото безаконие не смее да остане неказнето. По враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија сите прекршители на законите кои вршеле криминал со цел да и се додворат на врхушката на власт ќе одговараат.

Граѓаните први че му стават крај на ваквиот криминал и на 15-ти октомври ќе речат НЕ за безаконието кое го создава Социјалдемократскиот сојуз“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања