Мисијата на ОБСЕ апелираше до сите учесници на локалните изборите во Косово да водат позитивна кампања без закани и заплашувања, и потсетува на клучните стандарди за слободни и фер избори.
Шефот на мисијата на ОБСЕ на Косово, Јан Брату им посака на сите партии, граѓански иницијативи и кандидати ангажирани во изборната трка, успешен изборен процес.
-На Косово е создадена култура на суштински, конкурентни и фер избори. Тоа е значајно демократско достигнување со кое треба да се оди на оваа кампања и изборниот процес на 22 октомври, истакна Брату.