Туск иницира зајакнување на улогата на ЕУ во Западен Балкан

Од:

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск посочи дека зајакнувањето на улогата на ЕУ во регионот на Западен Балкан е еден од приоритетите на политиката на Унијата.

Туск најави дека во договор со бугарскиот премиер Бојко Борисов, на европските лидери ќе им предложи следниот самит ЕУ-Западен Балкан да се одржи во Бугарија во мај следната година.

– Треба да продолжиме да ја развиваме меѓународната улога на ЕУ, како во соседството, така и на глобално ниво. На Самитот на ЕУ во октомври (во Талин) ќе предложам да разговараме за нашата реакција на развојот на односите со Турција, а за мај следната година предлагам, во договор со премиерот Борисов, да се собереме во Бугарија на западнобалкански самит, порача Туск во писмото испратено до лидерите на земјите членки на ЕУ.

Туск во своето писмо наведува и дека Унијата продолжува да се фокусира на миграцијата, безбедноста и економските и социјалните прашања.

Тој како „непосредни приоритети“ на блокот ги наведува консолидацијата на надворешната миграциска политика, јакнењето на одбранбените можности на Европа, иднината на економската и монетарната унија, јакнењето на меѓународната улога на ЕУ, односите со Турција и Западен Балкан, но и излегувањето на Велика Британија од Унијата,

– На состанокот во Талин нема да можеме да донесеме важни одлуки во сите овие области, но сметам дека ќе биде добра можност да се разгледаат што повеќе интересни предлози, методи и цели, порачува Туск, притоа повикувајќи ги лидерите на ЕУ на неформална вечера на самитот, што ќе се одржи на 29 септември во естонскиот главен град.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ

Анкета на ИРИ: 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Предраг Петровиќ

Туск: Полска ќе се приклучи на европскиот систем за воздушна одбрана

Горан Наумовски