Богдановиќ: Сите тендери во ЈП ПОЦ се спроведени согласно законите за јавни набавки

Од:

Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Саша Богдановиќ го демантира Зекир Рамчиловиќ од ВМРО-ДПМНЕ, кој на денешната прес-конференција изјави дека Богдановиќ склучувал договори во четири очи без тендер.

„На ден 21.9.2017 година во 15 часот, пратеникот од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, Зекир Рамчиловиќ излезе со лажна изјава дека во период од 4 години, односно за 2014, 2015, 2016 и 2017 година, преку ЈП ПОЦ сум склучувал договор за изнајмување на систем за СМС наплата, без претходно распишување на јавен оглас. Ве известувам дека целата содржина на текстот на пратеникот Рамчиловиќ е клеветничка и ги ДЕМАНТИРАМ овие информации како неточни, бидејќи сите тендери во ЈП ПОЦ се спроведени согласно законите за јавни набавки. Сите постапки за јавни набавки во ЈП ПОЦ се согласно законските акти и партијата на ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе реагираше своевремено доколку имаше забелешки во овие единаесет години додека беше на власт.

Сакам да ја информирам јавноста дека ЈП ПОЦ е самофинансирачко претпријатие и НЕ зема пари од граѓаните како што тврди пратеникот во изјавата.

Повеќе од јасна е намерата на опозицијата што изјавува лаги пред локалните избори. Со тенденциозното нанесување на штета на мојот углед преку објавување на неточни информации, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја манипулира јавноста со лажни вести“ се вели во демантот испратен од Саша Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Левица: ПОЦ ги дискриминира лицата со попреченост

Душко Коцевски е нов в.д. директор на ЈП ПОЦ

Ана Ололовска

Центар не може да ги доброи одобренијата за градење што ги потпишал Богдановиќ на заминување

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Ана Ололовска

За петкатницата кај хотел „Јадран“ што ја одобрил Богдановиќ три дена пред да замине ќе одлучува Министерството за транспорт

Маја Илиевска-Пачемска

Богдановиќ три дена пред да замине дал одобрение за нова петкатница до хотелот „Јадран“ по скандалозниот план од 2012 година

Маја Илиевска-Пачемска