Со свечена седница на Советот и зажнејување на оризовите полиња во атарот на село Чифлик, Општина Чешиново Облешево го одбележа својот празник, 21 септемеври.
Пред советниците и гостите зборуваа градионачалникот Костадин Личков и претседателот на Советот Тина Петрова. Се осврнаа на резултатите во работењето и на, како што рекоа, унапредувањето на животот во населените места во општина Чешиново Облешево.
Со зажнејувањето на оризовиот клас во Чифлик, пак, официјално почна жетвената активност на полињата во општината.
Фолклорни ансамабли и групи од неколку европски земји и од Македонија продефилираа низ Облешево, а во Градскиот парк се одржа концерт на народна музика.