Штипскиот градоначалник Захариев со реакција за кривичната пријава од СВР-Штип

Од:

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев денеска остро реагираше откако СВР-Штип на прес-конференција соопшти дека до Основното јавно обвинтелство во Штип доставила за него кривична пријава за злоупотреба на службената положба, при што со пребивање пари направил штета на Општина Штип, а со противимотна правна корист од 1.567.619 денари се стекнала градежната фирма „Актива“. Според него, „ова е евтина и валкана политичка кампања, која ја спроведува Министерството за внатрешни работи во корист на неговиот против кандидат од СДСМ“.

– Се работи за компанија „Актива“, која е на булеварот „Гоце Делчев“, оваа компанија со преддоговор платила на Општина Штип 1,5 милиони денари за комуналии. Во меѓувреме таа компанија го направила објектот, но немала одобрение за градење и со законот за легализација, кој подоцна дојде како закон, тие си го легализирале објектот на булеварот „Гоце Делчев“ и си платија за легализацијата, потоа си го дооформија земјиштето и останаа да висат 1,5 милиони денари кои си ги платиле како преддоговор за комуналии, а објектот е веќе легализиран по друг основ. Значи Општина Штип требаше да биде тужена од „Актива“ , тие 1,5 милиони денари да ги врати. Значи тоа е ЈП „Штип проект“ и Општината да ги вратиме со камати. Но за среќа „Актива“ почна со изградба на нов погон. Тоа е „Актива Ауто мотив“ во Индустриската зона „Запад“ направи идеален погон со компанијата „Ван хол“ од Белгија и нормално тоа беше шанса да се пребиеме со нив односно бидејќи за објектот кој беше направен 2004 та година, зборуваме за период кога јас не бев градоначалник со законот за легализација тој објект е легализиран и висеа 1,5 милиони денари, вели Захариев.

Тој на новинарите им ја покажа и папката, во која има документи за 40 истраги на МВР за проектите кој ги реализирал, а како што рече тој сите се отфрлени.

– Лично мислам дека ова е политичка пресметка и мора на македонската и на штипската јавност да и кажам дека за мојот мандат од четири години за секој проект од овој град следуваше кривична пријава. Некаде околу 40 истраги имаше за моето работење. Досега од сите тие кривични пријави ниту една е процесуирана, што е доказ за мојот висок професионализам и одговорност, рече Захариев.

Овој предмет, според него, е кристално јасен и смета дека не ја злоупотребил службената положба, туку општината е спасена од тужби и наплата на камати. Тој побара истражните органи докрај да го истражат предметот, бидејќи е категоричен дека нема никаква злоупотреба на службената положба и не направил штета на општината.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 и во 2018 година, а не се барала оставка од министер за внатрешни

А1он

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он