Мицевски: Веќе три и пол месеци отштетата кон земјоделците не е исплатена

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз не запира со своето неодговорно однесување кон земјоделците.

Љупчо Николовски, од позиција на пратеник во мај годинава ги посети земјоделците во Ресенско ветувајќи дека по доаѓањето на власт на СДС тие веднаш ќе бидат обештетени. СДС дојде на власт, а веќе три ипол месеци отштетата кон земјоделците не е исплатена.

Исплата на оштета чекаат и земјоделците од Неготинско и Кавадаречко.

ВМРО-ДПМНЕ додека раководеше со владата формира стручна комисија која изврши процена на штетите и ги достави извештаите до министерството за земјоделие.

Од предавањето на документацијата до денес поминаа три ипол месеци, а земјоделците сеуште чекаат да бидат обештетени. СДС ја кочи целата постапка.

Иако барањата со записниците од увид биле доставени од страна на министерството за земјоделие до Бирото за судски вештачења согласно законските регулативи и во предвидените рокови сепак до денес нема никакви пресметки за настанатата штета.

Информацијата до која дојде ВМРО-ДПМНЕ, а која имаат право да јо знаат оштетените земјоделци е дека министерот за земјоделство без размислување и трошка почит кон земјоделците испратил допис и побарал од Бирото за судски вештачења да не постапува по барањата и записниците за утврдување на штети и побарал да му ја вратат целокупната документација во МЗШВ.

СДС ги крши законите и креира хаос во земјоделието со цел да ги уценува и манипулира земјоделците.

СДС ги уништува земјоделците и калкулира со нивната мака не превземјаќи ништо за обештетување на земјоделците веќе 4 месеци откако завршија теренските активности на комисиите.

Го прашуваме министерот за земјоделие Љупчо Николовски зошто не му дозволил на Бирото за судски вештачења да пресмета штета на уништените насади на оштетените земјоделци?

Зошто министерот за земјоделство ги повлекол барањата и записниците за утврдена штета на земјоделците од Бирото за судски вештачења?

Граѓаните гледаат дека СДС нема намера да ги исплати штетите на земјоделците, купува време и повторно ги лаже и манипулира земјоделците“, изјави Никола Мицевски, ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било