Премиерот Заев ќе се обрати на панел дискусија на Универзитетот Колумбија во Њујорк

Од:

Премиерот Зоран Заев утре во Њујорк ќе има воведно обраќање на Универзитетот Колумбија, во рамки на панел дискусијата „Нов почеток на Балканот: Враќање на демократијата и обнова на животната средина во склад со Целите за одржлив развој.“

Настанот е организиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Швајцарската агенција за развој и соработка и Универзитетот Колумбија во Њујорк, и е дел од серија значајни настани што се одржуваат неделава во Њујорк по повод Генералното собрание на Обединетите нации.

На панел дискусијата, како што соопшти канцеларијата на УНДП во Скопје, ќе учествуваат и Елизабет Линденмаер, директорка на факултетот за меѓународни организации и студии за Обединетите нации од Универзитетот Колумбија, Магди Мартинез-Солиман, помошник генерален секретар на ООН и Директор на одделот за политичка и програмска поддршка на УНДП, како и Џихан Султаноглу, помошник генерален секретар на ООН и директор на Регионалниот оддел на УНДП за Европа и Централна Азија.

На настанот ќе биде прикажан и наградуваниот документарен филм „Езеро од јаболка“, во продукција на Љубо Стефанов и Тамара Котевска. Филмот ја раскажува успешната приказна за обновата на екосистемот на едно од најстарите езера во светот – Преспанското Езеро.

Во изминатите 15 години, УНДП, Швајцарската агенција за соработка и развој и Општина Ресен вложија 15 милиони долари за спас на Преспанското езеро.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски