На Неготинскиот панаѓур се очекуваат околу 30.000 посетители

Од:

Во Неготино денеска започна тридневна стопанско-туристичка манифестација – Неготински панаѓур, за чија цел во централното гратско подрачје се поставени околу шестотини тезги.

Методи Данаилов, раководител на Одделението за финансии и даноци при неготинската општина, потсети дека станува збор за еден од најголемите и најпознати настани од ваков вид во државата, со традиција од над пет децении.

– Изложени се најразличен вид на артикли. Конфекција, храна, обувки, техника, пластика, бижутерија, играчки и многу други производи, информираше Данаилов.

Тој соопшти дека се очекуваат триесетина илјади посетители од земјава и од странство, со оглед на тоа што Неготино е омилена дестинација за време на панаѓурските денови.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко