КК Макпетрол ќе настапи на силен турнир во Турција

Од:

Каратистите на Макпетрол денес ќе заминат за Истанбул на силниот турнир Светската Премиер Карате Лига – А серија закажан за претстојниот викенд.

Боите на македонскиот клуб ќе ги бранат:
1.Сара Радичевска категорија -50 кг
2.Симона Заборска категорија -55 кг
3.Моника Пендаровска категорија -55 кг
4.Наташа Стефановска категорија -61 кг
5.Моника Стефановска категорија -68 кг
6.Анѓела Мојсовска категорија -68 кг
7.Петар Заборски категорија -75 кг

Тренерот Бошко Заборски за овој турнир има две цели.

– Основна наша цел на овој турнир е во две насоки. Првично е темпирање на формата за нашите кандидати кои треба да настапат на Светското младинско првенство кое треба да се одржи во Тенерифе, Шпанија и како втора цел е подобрување на ранг листата на секој спортист во својата тежинска категорија на Светската ранг листа. Ова е многу важно за нас бидејќи од следната година само прво рангираните 50 спортисти во секоја тежинска категорија ќе можат да учествуваат на турнирите кои ги организира Светската Карате федерација или 1 Премиер карате лиги, кои ќе бидат и критериумски назначени турнири за собирање бодови и учество на Олимпијадата во Токио 2020 година, информира Заборски.

Нема да биде ни малку лесно, додаде тренерот на Макпетрол, да се направи добар пласман или пак да се освои медал бидејќи конкуренцијата е огромна и многу квалитетна.

Во Истанбул ќе има натпреварувачи од рекордни 89 држави од целиот свет со 1.262 пријавени каратисти-ки, кои доаѓаат од 293 клубови, и дополнително и комплетни национални тимови, само во сениорска конкуренција.

– Од сега па натака, во однос на квалитетот и рејтингот, секој ваков натпревар е на висина на светско официјално првенство, нагласува Заборски.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје