Владата ќе ја исправи грешката со доделувањето социјален стан на загрозено семејство во Делчево

Од:

По сторијата на ТВ „Стар“, во која е опишан случајот на самохраната мајка Ленка и нејзината 27-годишна ќерка, лице со церебрална парализа, Владата вети дека ќе ја исправи грешката што е направена со доделување на социјален стан на ова двочлено семејство. Имено, на ова семејство минатата година му бил доделен социјален стан од страна на Комисијата за станбени прашања на шести кат во зграда без лифт, што го отежнало движењето и неможноста за качување по скалите на девојката со церебрална парализа.

– Таа одлука е од претходната Влада, во 2016 година, ние сме запознаени со случајот и сите институции заедно во најскоро време ќе го решат случајот, изјави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

Ветувањата стигнуваат во време кога ова семејство е во очај, бидејќи условите, каде што живеат сега под кирија се бедни, а патот за да стигнат до социјалниот стан кој им го додели државата, за нив е невозможна мисија.

Мајката Ленка Десподовска и ќерката Марина Популиска апелираат до надлежните да им се додели стан на понизок кат, поради неможноста на Марина да се качува по скалите.

Голготата на ова семејство започна откако пред две години насилно беа иселени од општинската зграда позната како Старо Пожарно, каде живееја четири социјални случаи. Извршител ја продаде за да наплати долг од општината.

Мајката која е полуслепа и дијабетичар и ќерката со церебрална парализа, се водат рака под рака низ животот без покрив над главата, давајќи си поддршка една на друга. Сега нивните очи се свртени кон новото ветување од институциите и се надеваат дека ќе се исполни пред да стигне зимата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски