Во галеријата „Арт Маркони“ во Варна, Бугарија, денеска ќе биде отворена изложба на уметникот Стефан Хаџи-Николов.
Насловена е „Ноктурно” и ќе претстави 22 слики – масла на платно, кои авторот ги создал во во последниот творечки период. Таа е 70-та самостојна изложба на Хаџи-Николов и негово седмо самостојно претставување во Варна.
Стефан Хаџи-Николов е роден во 1955 година во Скопје. Во 1975 година завршил Педагошка академија во Скопје, група Ликовно воспитување. Од 1984 е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија-ДЛУМ.