„Изминување на времето“ – изложба на македонски и чешки уметници

Од:

Групна изложба на ликовни уметници од Чешка и од Македонија насловена „Изминување на времето“ ќе биде отворена вечер во Изложбениот салон Империјал 2 во Културно-информативниот центар.

На изложбата, која за посетители ќе биде отворена до 3 октомври 2017, ќе бидат претставени 33 дела на 12 автори од различни генерации кои творат во различни медиуми: сликарско, вајарство, графика, фотографија, плакат, видео, инсталација…

Учесници на изложбата се уметниците: Ленка Сарова-Малиска, Варвара Дивишова, Мариана Аласер, Михаел Поспишил, Карел Штаинер, Катерина Таневска, Глигор Васков, Андријана Мациев, Мирјана Крстева-Масети, Марјан Ѕин, Петра Јовановска и Рафаел Ристовски.

– Дадениот момент, времето, ги поврзува овие уметници и прави една симбиоза на нивните трудови ставени во еден простор во одредено време, соопшти КИЦ најавувајќи ја изложбата „Изминување на времето“.

Изложбата е финансиски поддржана од Министерство за култура на Република Македонија. Организатор и куратор на ликовниот проект е ликовниот уметник Петра Јовановска, во соработка со Амбасадата на Република Чешка и Културно-информативниот центар-Скопје.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски