ВМРО-ДПМНЕ испрати писмено соопштение во врска со реакцијата на СДСМ во врска на прес-конференцијата на Ромео Тренов
„Ниту едно соопштение на СДС не може да го прикрие фактот дека Зоран Заев јавно пред цела македонска јавност им се закани на земјоделците дека нема да добијат субвенции ако не остварат поголем приход од претходната година.
Зоран Заев со леснотија и без малку грижа им порачува на земјоделците како ќе им крати од субвенциите без да ги земе во предвид барем временските услови поради кои тие би имале помали приноси.
СДС потценува и си поигрува со илјадници земјоделци, чиј основен извор на егзистенција е земјоделието.
Јавноста се увери дека Заев е решен да најде било каков начин да им ги скрати субвенциите на земјоделците и да го згасне земјоделското производство кај помалите земјоделци кои егзистираат од него“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.