Најмалку 10 лица загинаа, а 92 се водат како исчезнати, откако обилните дождови предизвикаа големи поплави во источниот дел на Демократска Република Конго, соопштија денеска локалните власти.
Администраторот на територијата Масиси, Дијодоне Тшишику, наведе дека спасувачките екипи во градот Бихамбе трагаат по исчезнатите лица.