Меѓународниот параолимписки комитет (МПК) соопшти дека на неодредено време се одложени двете планирани Светски првенства кои требаа да се одржат во Мексико. Причината е катастрофалниот земјотрес со јачина од 7.1 степен при што загинаа повеќе од 200 луѓе.
Параолимпијците во Мексико требаше да учествуваат на Мундијалите во дигање тегови и во пливање.
Овие две натпревари требаше да се одржат во рамките на „Пара спорт фестивал“ закажан за периодот од 30 септември до 6 октомври.
-Вниманието на мексиканските власти сега треба да е насочено кон помош на настраданите и на целиот народ во државата, а не кон организација на овие големи спортски настани. Знаеме дека одлуката за одложување на првенствата ќе предизвика разочарување кај учесниците, но ова е единствениот вистински потег во вакви околности, порачаа од Меѓународниот параолимписки комитет.